Ако во сервисите на Вулко би направиле сè наместо Вас за Вашиот автомобил да биде во беспрекорна состојба, тоа е навистина голема работа, а Вие ќе заштедите многу време и пари. Во продолжение има неколку корисни совети за тоа што можете да направите сами. Ако по читањето на овие совети не сте сигурни што треба да направите, ние сме подготвени да го прегледаме Вашето возило или само да Ви помогнеме со некои дополнителни совети.
ПО ЕДЕН СОВЕТ ЗА СЕКОЈ ДЕН
Околу 40% од бугарските шофери не си ги менуваат своите летни гуми со зимски и обратно. Вистинскиот избор на зимски гуми е особено важен услов за безбедноста во зимски услови. Зимата нуди многу предизвици за повеќето шофери: ниските температури и условите на патиштата нагло се променуваат – од снег на дожд, од суво на влажно, од влажно на мраз. Ете зошто е важно да го подготвиме својот автомобил и да се консултираме со професионалци при изборот на гуми и одржување на автомобилот за време на зимската сезона. Професионалците од сервисната мрежа Premio предлагаат лична консултација за асортиманот на гуми, додатоци и услуги. За да ги избегнеме најпопуларните стапици и заблуди по однос на зимските гуми, еве што советуваат тие:
1.
Заблуда: Зимските гуми се скапи.
Вистина: По правило нема голема разлика во цената помеѓу зимски и летни гуми. Денес, речиси секој шофер од лично искуство разбрал, дека зимските гуми се задолжителни за безбедно возење во студена сезона, најмалку затоа што температурата сериозно влијае на прилепувањето на гумената смеса.
2.
Заблуда: Нема потреба од зимски гуми ако не живееме во област со многу снег и мраз.
Вистина: Зимските гуми ја зголемуваат безбедноста при ниски температури во зимски услови. Промената на летни со зимски гуми треба да се направи кога температурата продолжително време ќе се задржи под 7°С, или најкасно до крајот на Октомври. Автомобил, кој се движи со 80 km/h со летни гуми по замрзнат снег има потреба од 40 метри повеќе растојание за запирање.
Летните гуми стануваат многу тврди и при ниски температури ја губат својата еластичност. Тоа го намалува прилепувањето, кое резултира и со подолго растојание за запирање.
3.
Заблуда: Претставувањето на зимските гуми не зависи од длабочината на шарите.
Вистина: Колку подлабока е шарата на зимската гума, толку подобро таа се претставува на снежниот коловоз. Според официјалните спецификации длабочината на профилот треба да е минимално 1,6 mm. Промена на гумите обично се препорачува кај: летни гуми – 2 mm длабочина на профилот; гуми со ултра високи перформанси – 3 mm длабочина на профилот; зимски гуми – 4 mm длабочина на профилот.
4.
Заблуда: SUV и 4х4 автомобилите немаат потреба од зимски гуми.
Вистина: Тоа се автомобили, кои задолжително треба да се опремени со зимски гуми. Заради својата поголема тежина, за модерните SUV и 4х4 автомобили задолжително се препорачуваат зимски гуми за време на студената сезона, за подобро прилепување и маневрирање. Системите за придвижување на четирите тркала не помагаат на мраз и снег, доколку колата е со летни гуми.
5.
Заблуда: Не е важен редот, по кој што ги ставам зимските гуми.
Вистина: Шоферите треба да ги монтираат зимските гуми, сообразувајќи се со определени правила. Кога ги менувате зимските гуми, препорачливо е да го смените цел комплет. Најдобро за автомобилот е гумите да се од еден и ист модел и со иста шарка. Зимските и летните гуми не треба да се користат заедно. Исто така, за да се спречи неправилно абење на шарката, пожелно е позициите на гумите да се менуваат на секои 10 000 km.
6.
Заблуда: Зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво.
Вистина: Модерните зимски гуми нудат подеднаков отпор при вртење на тркалото. Во целина, отпорот при вртење на тркалото кај зимските и летните гуми е сличен. Пристапот за подобрување на отпорот при вртење на тркалото е еден и ист: употребата на определени материјали при конструирање на гумите придонесува за намалување на отпорот при вртење, потрошувачката на гориво и ослободувањето на СО2.
7.
Заблуда: Новите летни гуми се доволно добри при зимски услови, затоа што имаат длабока шара.
Вистина: Во зимски услови, зимските гуми се подобри од летните. При температури под 70С, летните гуми губат еластичност, независно од длабочината на шарата. Последната генерација на гуми се направени со т.нар. силика (Silica) смеса, која гарантира одлично прилепување и истовремено доволна еластичност дури и на подмрзнати и снежни површини. Благодарение на специјалниот дизајн на шарата се добива „самочистење“ од снегот и истата останува чиста.
Препорачуваме да ја проверувате состојбата на пневматиците еднаш неделно или пред секое долго патување. Перформансите на пневматиците, конкретно ефикасноста при кочење на влажен пат, значително се намалува ако длабочината на профилот е помал од 2 mm. Потрошените гуми ја намалуваат ефикасноста при кочење и забрзување како и водливоста, а тоа се важни елементи за сигурноста. Покрај нагазниот слој, проверете ги исто така и внатрешните и надворешните страни на вашите пневматици, случајно да нè имаат испакнатини, засекотини или пукнатини. Возењето со премалку или премногу напумпани пневматици ја намалува водливоста на вашиот автомобил, кој може да стане нестабилен. Ако сакате да бидете безбедни, редовно контролирајте го притисокот во пневматиците. Кој притисок е адекватен за вашите пневматици, можете да најдете во прирачникот за вашиот автомобил. Адекватниот притисок допринесува за векот на траење на гумите да биде подолг, вашата сигурност да биде поголема, а трошењето на гориво да биде оптимално. И не заборавајте - пневматиците можат да бидат премалку напумпани, а тоа да не се забележува на прв поглед. Ако само ги клоцнете, тоа истото така нема да ви каже ништо повеќе за притисокот во пневматикот.
Редовно контролирајте дали дошло до неправилно абење на пневматиците.
Ако вашите пневматици не се абат рамномерно по целата површина, тоа би можело да биде поради превисок или пренизок притисок во пневматикот. Ако се аби само по еден крај, тоа би можело да биде последица на лошо прилагодување на тркалата. Во тој случај е потребно да се обратите кај стручњак кој тоа ќе го провери на една од специјалните машини. Не грижете се - ако го посетите сервисот Вулко тоа нема да ви одземе многу време и нема да чини ни приближно колку што мислите.
Не се обидувајте се да заштедите на резервен пневматик.
Дури и ако никогаш не ја користите Вашиот резервен пневматик, многу е важно тој секогаш да се наоѓа во добра состојба. Подобро проблемот да го откриете во гаража, отколку ноќе или на дожд да останете некаде покрај патот. Освен тоа, ако монтирате неисправен резервен пневматик, ќе направите сообраќаен прекршок.